Велес: Потпишан меморандум за соработка со институтот „Ромалитико“

ОпштиниВелес: Потпишан меморандум за соработка со институтот „Ромалитико“

Најчитано

Во рамките на проектот за инклузија на ромите финансиран од УСАИД, денеска Градоначалникот Аце Коцевски потпиша меморандум за соработка со м-р Елвис Шакири, извршен директор на Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје.

Врз основа на меморандумот во наредниот период взаемно ќе се соработува на реализацијата на голем број активности меѓу кои следење на промените и проблемите во заедницата, застапување на предлозите на граѓаните како и соработка со институциите на локално ниво со цел да се подобрат услугите и правата на жителите од ромската заедница.

Во рамките на проектот ќе бидат формирани проектни тимови во кои ќе учествуваат претставници на општината кои работат во различни сектори како урбанизам, социјална заштита и други области на надлежности.

Извор: Општина Велес

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе