Мицкоски не го знае Уставот и никој во неговата партија нема поим ни од право ни од политика

Политички партииМицкоски не го знае Уставот и никој во неговата партија нема поим...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право.

Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.

Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница.

На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози.

Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите.

 

 

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img