spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ си пукаше во слепоочница со реакцијата, тие ја имаат воспоставено праксата...

СДСМ си пукаше во слепоочница со реакцијата, тие ја имаат воспоставено праксата за предлагање на вакви одлуки за која сега велат дека е неуставна

СДСМ си пукаше во слепоочница со реакцијата, тие ја имаат воспоставено  праксата за предлагање на вакви одлуки за која сега велат дека е неуставна.

СДСМ се’ ќе стори да ја заштити функцијата на Филипче. Да се трудеа толку да ги заштитат животите на луѓето, немаше да бидеме први по смртност во Европа и немаше да се случи трагедијата во Тетово.

СДСМ и Заев нека не бараат изговори, единствено што треба да направат е да ги разрешат Филипче и Хасани.

СДСМ треба да знаат дека член 68 од Уставот му дава овластување на Собранието со одлука да врши избори, именувања и разрешувања на носители на јавна функција утврдени со Устав и со закон. Венко Филипче е избран со одлука на Собранието, со одлука може и да биде разрешен.

Според член 92 од Уставот кој вели дека Владата и секој нејзин член, за својата работа одговара пред Собранието, јасно е дека Венко Филипче и индивидуално одговара за својата работа пред пред Собранието.

Член 93 од Уставот вели дека член на Влада има право да поднесе оставка, а разрешувањето по предлог од Претседател на Влада е сосема друга процедура.

Членот 184, став 1 од Деловникот му дава право да предлага одлуки на секој пратеник. Венко Филипче и Илир Хасани не се избрани со декларација, закон или резолуција, тие  се избрани со одлука, па според тоа со одлука треба и да се разрешат.

Но да мислеа на законот и на Уставот СДСМ и Заев немаше да чекаат со денови за оставките на Филипче и Хасани. Туку сега веќе ќе беа заминати, а оставка ќе си дадеше и Заев.

Заев и Филипче да си дадат оставки и да овозможат непристрасна истрага, само со нивна оставка ќе може да има независна истрага.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...