spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Политичкиот дијалог на високо ниво ја дефинираше стратешката насока на реформата...

МИОА: Политичкиот дијалог на високо ниво ја дефинираше стратешката насока на реформата на јавната администрација во регионот за следната година

Годишниот политички дијалог, кој се одржа онлајн под покровителство на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), ги собра одговорните министри за јавна администрација од регионот заедно со највисоките претставници на Европската комисија за Западен Балкан, со цел заеднички да ги анализираат постигнатите резултати, како и предизвиците на регионот поврзани со реформските процеси.

Директорката на РеСПА, Ратка Секуловиќ ги отслика иновациите во работата на оваа институција, вклучително и Регионалниот центар за управување со квалитет во јавната администрација, одговорен за поддршка на модернизацијата на услугите на јавната администрација и нејзиното одразување кон потребите на граѓаните и економијата, како и воспоставување на Регионалната мрежа на координатори за јавна политика, кои влијаат на подобра координација на јавните политики во земјите од регионот. Регионалната пилот-анкета, за прашањето колку се задоволни вработените во јавната администрација, што Секуловиќ ја најави како соработка со СИГМА, ќе содржи јасни насоки во однос на понатамошното унапредување на позицијата на вработените во јавната администрација во регионот, како клучен фактор во понатамошниот напредок на реформските процеси.

„ReSPA останува доследна во поддршката на полето на јавната политика, деполитизација и професионализација на јавната администрација, како и во подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Со целосна поддршка на Европската комисија и заеднички напори на владите на земјите од Западен Балкан, ќе продолжиме да го поддржуваме градењето на одговорни и професионални институции на јавната администрација во регионот“, рече Секуловиќ во својот говор.

Министерот за правда на Босна и Херцеговина – Јосип Грубеша, министерката за јавна администрација, дигитално општество и медиуми на Црна Гора – Тамара Срзентиќ, министерот за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија – Јетон Шаќири и министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија – Марија Обрадовиќ, ги презентираа клучните резултати постигнати во реформата на јавната администрација на национално ниво, ги дефинираа главните предизвици и предложија понатамошна насока за развој на реформата во јавната администрација.

Изјава на министерот Шаќири:

„Реформата на државната администрација и дигитализацијата се главните приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација за овој мандат. Целта на овој ИПА проект е оптимизирање на целокупната институционална рамка, подобрување на испораката на јавни услуги и зајакнување на етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, меѓу другото преку имплементација на функционална анализа и донесување нов закон врз органите на државната управа. По разгледувањето на коментарите и предлозите од отворената дебата одржана пред извесно време, ќе бидеме подготвени да го унапредиме овој важен проект во завршна фаза. Вреди да се спомене фактот дека со помош на СИГМА успеавме да подготвиме 3 важни закони, и тоа: Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници и Законот за висока раководна служба.

„Во однос на дигитализацијата, ние сме решени да го однесеме овој процес напред. Ќе воведеме нови мерки за да им помогнеме на компаниите во овој сектор, да ги охрабриме студентите да студираат во овој сектор. Ќе инвестираме и во подобрување на дигиталната инфраструктура во земјата и со формирање на Дигитална агенција ќе дадеме голем поттик за процесот на дигитализација во земјата. Исто така, треба да се спомене Системот за управување со документи како многу важна компонента во меѓуинституционалната комуникација, преку која имаме за цел информациите да поминат многу брзо од институција во институција и документите да се обработуваат за многу кратко време.

Високите претставници на Европската комисија за Западен Балкан: Алан Џонс – раководител на Единицата за стратегија и политика на Европската економска област (ЕЕА) и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) од Генералниот директорат за преговори за соседство и проширување (DG NEAR) ,и Флоријан Хаусер – водач на тимот за реформа на јавната администрација во Генералната дирекција за преговори за соседство и проширување (DG NEAR), ја потврдија подготвеноста на Европската комисија да продолжи да промовира иновации и развој на регионалната администрација, меѓу другото, и кон работата на ReSPA.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...