СЕП: Средба со претставници на францускиот Сенат

ВладаСЕП: Средба со претставници на францускиот Сенат
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во рамки на регионалната турнеја, делегација од францускиот Сенат во состав Марта Де Сидрак – претседателка на групата за меѓупарламентарно пријателство Франција-Западен Балкан, Арно Базен – претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија, Венсан Сегуен – претседател на групата за пријателство со Црна Гора, Микел Вале – претседател на групата за пријателство со Србија, и Гијом Ренодино, секретар на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, престојува во работна посета на Северна Македонија, при што беше остварена средба и со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Посетата се одвива во контекст на подготовките за француското претседавање со Советот на ЕУ при што клучните теми на разговор беа приоритетите на ЕУ агендата за следниот период и политиката на проширување во таа смисла, како и француската поддршка во напорите за усвојување на преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ што треба да ја одразува новата методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Франција. Вицепремиерот Димитров се осврна на суштинските реформи за пренесување на европските вредности во Северна Македонија во рамки на „Агенда: Европа дома“ и нагласи дека доминирањето на билатерални прашања во процесот е спротивно на принципите од новата методологија чијашто интенција е зајакнување на кредибилитетот на европската перспектива за регионот.

Димитров: „Северна Македонија претставува најдобар пример за да се обезбеди пробив во регионот, пример кој ќе покаже дека преговарачкиот процес може вистински да успее и ќе ја засили трансформативната моќ на Унијата. Покажавме дека сме подготвени на европски предизвици кои значат натпревар во исполнување на стандардите за владеење на правото, демократски институции и заштита на човековите права и можеме да ги исполниме сите услови сé додека се во европски дух, поради што француската поддршка ни е особено важна. Валидацијата на постигнатиот успех е важна пред сé за граѓаните на овој регион, особено младите, коишто на почетокот на пристапниот процес гледаат како на зелено светло за нивната европска иднина.“

Француските сенатори го поздравија напредокот во клучните реформски области со особен фокус на кластерот „Темели“ и придонесот за регионалната и европската стабилност, потенцирајќи дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Франција и на ЕУ кога станува збор за европеизацијата на регионот и заедничкото справување со глобалните предизвици. Во име на францускиот Сенат, тие изразија силна поддршка за спроведување на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија што ќе значи операционализација на новата методологија за пристапни преговори , но и можност за приближување на пријателските народи на двете држави.

Соговорниците се осврнаа и на меѓупарламентарната соработка, подвлекувајќи ја важноста од пренесувањето на француското знаење и искуство за зајакнување на демократските капацитети и довербата на граѓаните. Воедно, стана збор и за француското економско присуство во државата и продлабочувањето на билатералната соработка на тој план.

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img