spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Средба на раководствата на нашето и чешкото МВР: Продолжува одличната соработка

МВР: Средба на раководствата на нашето и чешкото МВР: Продолжува одличната соработка

Денеска (13.09.2021) во свечената сала на Владата се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски и висока делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка, предводена од заменик министерот за внатрешни работи Јиржи Новачек.

Министерот Спасовски на средбата уште еднаш потенцираше дека се потврдени заемните заложби за искрена меѓусебна соработка и несебична поддршка, која континуирано ја имаме со Министерството за внатрешни работи на Република Чешка.

„Дозволете ми уште на почетокот да подвлечам дека особено ја цениме поддршката која Чешката Република ни ја пружаше за време на миграциската криза и која се уште ни ја пружа во справување со обидите за илегално преминување на границата. Во оваа насока, би сакал да изразам благодарност и за присуството на чешките полициски службеници на наша територија, кои спроведуваа и продолжуваат да учествуваат во заеднички активности со македонските полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница. Сакам да напоменам дека во рамките на проектот за зголемена контрола и надзор на јужниот дел на нашата државна граница во моментов има 131 странски полициски службеници од кои 40 се чешки полициски службеници. Професионализмот и искуството кои чешките полициски службеници несебично ги споделуваат со своите македонски колеги, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење, што постојано е нагласувано и од раководниот кадар на нашата гранична полиција“, истакна министерот Спасовски.

Поддршката од Чешката Република дополнително вклучува и донации за справување со обидите за илегално поминување на границата, но и за зголемување на капацитетите на македонската полиција во таа насока, што како активност се заокружува со донацијата на возила наменети за потребите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Министерот Спасовски во насока на продлабочување на заемната соработка најави можност за реализација на заеднички обуки, семинари и тренинзи наменети за полициските службеници на двете министерства, а кои ќе имаат за цел и размена на искуства, како и унапредување на тактичките способности, капацитети и професионална подготвеност на двете полиции.

На билатералната средба се разговараше и за безбедноста во сообраќајот и новите трендови и техники во оваа објаст, како и зајакнување на полициската соработка во останатите сегменти.
Заменик министерот Новачек се заблагодари за досегашната одлична соработка, при што нагласи дека истата со несмален интензитет ќе продолжи да се развива и во иднина, а покрај во делот на миграциите, значаен интензитет ќе добие во повеќе области од надлежност на министерствата за внатрешни работи. На ова се надоврза и претседателот на чешката полиција Јан Швејдар, кој даде силно уверување за продолжување на поддршката и меѓусебната соработка во делот на полициските работи, а воедно најави и продолжување на учеството на чешките полициски службеници во делот за зајакнат надзот на нашата јужна граница.

Посетата на високата делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка ќе се трае до 16 септември и ќе опфати повеќе настани, средби, вежби и презентации.

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...