spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Платформата е-туризам ќе нуди можност да врши утврдување и контрола и...

МИОА: Платформата е-туризам ќе нуди можност да врши утврдување и контрола и на даноците

На 106-та седница, Владата ја усвои информацијата за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам.

Целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на Република Северна Македонија, како и да се врши пријавување и одјавување на туристи од страна на давателите на услуги за сместување преку Интернет.

Дополнително, платформата е-туризам ќе нуди можност да врши утврдување и контрола на даноците врз основа на пријава и одјава на туристи и податоци за индивидуални сместувачки капацитети како и известување за статистичките податоци во реално време на дневна основа или со интервал не повеќе од 24 часа.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...