АПЈ: Директорот Села се сретна со секретарот на МТСП, Ејупи

Самостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Директорот Села се сретна со секретарот на МТСП, Ејупи
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img
Завчера просториите на АПЈ ги посети Ресми Ејупи, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, кој заедно со своите колеги оствари средба со директорот на АПЈ, Илбер Села, за да се консултира за некои прашања во врска со примената на албанскиот јазик во соодветното министерство.
За време на оваа средба, директорот на АПЈ, Илбер Села, и државниот секретар Ејупи разговараа за примената на Законот за употреба на јазиците во државните институции. Во оваа прилика директорот на АПЈ, Илбер Села, понуди целосна поддршка и помош со услугите на АПЈ во однос на превод и лектура на потребните документи.
Соговорниците се согласија за понатамошна соработка помеѓу двете институции, при што заклучија дека спроведувањето на одредбите од Законот е на соодветно ниво во оваа институција.
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе