spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиБараме Собранието итно да расправа за ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

Бараме Собранието итно да расправа за ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ВО СОБРАНИЕТО ВО НАЈКУС МОЖЕН РОК ДА ЗАКАЖЕ СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА

Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Очекуваме тоа што социјалните партнери го договориле на ниво на Економско социјален совет целосно да се почитува и да се реализира од страна на Собранието.

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...