spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Продолжуваат активностите за млади и развој на вештини за вработување

Крива Паланка: Продолжуваат активностите за млади и развој на вештини за вработување

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, оствари средба со претседателката на ТАКТ, Магдалена Спасовска и тим од ТАКТ кој заедно со локалното партнерство „Спорт за развој” работат на развој на вештини за вработување кај младите.

На средбата градоначалникот беше запознаен со активностите што во претстојниот период ќе се реализираат со пилот програмата за развој на вештини за вработување кај младите средношколци од стручните паралелки од средното училиште „Ѓорче Петров” во општина Крива Паланка заедно со тренерите и обучени ментори од спортскиот сектор.

Истовремено, директорката на ТАКТ, Магдалена Спасовска го информираше градоначалникот за плановите за реализација на активности во соработка со останати партнери од Крива Паланка од областа на авантуристички туризам и социјално претприемништво.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...