spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба на ЗМНР Фатмире Исаки и државниот секретар Зоран Попов, со...

МНР: Средба на ЗМНР Фатмире Исаки и државниот секретар Зоран Попов, со Петер Стараи, државен секретар за безбедносна политика во МНР на Унгарија

Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки и државниот секретар Зоран Попов, денес, имаа заедничка средба со државниот секретар за безбедносна политика во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Стараи, кој во Република Северна Македонија претстојува во еднодневна работна посета.

Покрај билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија, на средбата беше дискутирано за процесот на интеграцијата во Европската унија и предизвиците со кои се соочува Северна Македонија на тој пат, како и други за регионални и мултилатерални прашања од интерес на двете земји.  

Соговорниците изразија задоволство од интензивниот и континуиран политички дијалог меѓу двете држави, констатираа дека министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Унгарија посветено работат на продлабочување на соработката и поттикнување на развојот на севкупните односи меѓу двете земји. Во тие рамки, посебен ангажман се забележува во унапредувањето на економската соработка, кој останува примарен интерес на двете страни. Заменикот министер Исаки и државниот секретар Попов изразија благодарност за континуираната унгарска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја, со надеж дека истата ќе продолжи со засилено темпо во периодот кој следи и кој е исклучително значаен не само за нашата држава, туку и за перспективите на целиот регион, а со тоа и за стабилноста и понатамошното проширување на Европа. Беа разменети мислења за перспективите и важноста на усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на Првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската унијашто претставува прашање од стратешки интерес за Регионот и за Европа.

Воедно констатираа дека, сојузништвото во НАТО отвора можности за уште попродуктивна билатерална соработка во повеќе сфери. Во оваа насока се заложија за вложување на дополнителни напори, со цел, искористување на ваквите можности

Разменети беа и искуства и планови за активностите и напорите за справување со последиците и предизвиците на Пандемијата, која продолжува да влијае врз секојдневниот живот и економскиот развој. При тоа, повторена беше благодарноста на Северна Македонија за досегашната помош во вакцини и материјал од страна на Унгарија, што е уште една потврда за блиските пријателски односи.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...