spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиСо учеството ќе промовираме храбри одлуки со цел развој на заедницата и...

Со учеството ќе промовираме храбри одлуки со цел развој на заедницата и ширење на свеста и значењето на ООН за младите

На средбата директорот Мојсовски му честиташе на Барлаковски за изборот и му посака успешен мандат во спроведувањето на целите, како и успех во извршувањето на должностите и претставувањето на младите од Северна Македонија на собирите во ООН, телата и комисиите.

Со учеството, младинскиoт делегат ќе промовира и охрабрува носење на одлуки со цел развој на заедницата во која живеат и ширење на свеста и значењето на ООН за младите луѓе, што ги прави важни чинители во заедницата. Покрај ова, тоа претставува важен чекор кон збогатување на дебатата, политичкиот дијалог и соработката меѓу носачите на одлуки и младите луѓе.

 

Барлаковски потенцираше дека слушањето на младите и креирањето  на партнерство со нив во процесот на донесување на одлуки може да помогне на Владате, граѓанските организации и другите чинители во креирањето и донесувањето на поефективни и легитимни политики и програми, особено во поглед на младинските прашања, безбедносните систем, одржливиот економски развој, климатските промени и почитувањето на човековите права.

Посакувајќи му успех на Барлаковски во извршувањето на неговиот мандат, директорот Мојсовски изрази задоволство од оваа средба и уверување за понатамошна соработка во иднина.

viber image 2021 09 15 13 11 44 751Во целиот процес на избор на младински делегат, кој беше транспарентен и партициаптивен беа вклучени претставници од Агенција за млади и спорт, Канцеларија на Претседател на Влада, Министерство за надворешни работи, Канцеларија на резидентен координатор на ООН,  Фонд за население на Обединетите нации (УНФПА), Детски фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Националниот младински совет.

Мандатот на младинскиот делегат е 24 месеци од моментот на избор, од кои 12 месеци активно вршејќи ја улогата на младински делегат и 12 месеци менторство на следниот младински делегат.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЖСПП: Шукова – Со инвестирање во крупни капитални проекти за подобрување...

0
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Валандово...