spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваОбука за прекршоци наменета за вработени во општините во делот на животната...

Обука за прекршоци наменета за вработени во општините во делот на животната средина

Обуката за прекршоци од областа на животната средина наменета за вработени во општините во делот на животната средина, која завчера се одржа онлајн, ја отвори заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска.

Обуката беше посветена на прекршочните постапки и поднесување на барања за поведување на прекршочни постапки првенствено до Прекршочната Комисија при Министерството и надлежностите што ги имаат општините, односно овластените инспектори за животна средина согласно законите од областа на животната средина. Бидејќи Прекршочна Комисија и Комисијата за спогодување постапуваат по барања за поведување на прекршочни постапки и постапки за спогодување поднесени од страна на државните инспектори за животна средина и овластените инспектори за животна средина од суштинско значење е воспоствување на тесна соработка и координација на институциите на централно и локално ниво.

– Нашата институција останува отворена за соработка и помош за разрешување на евентуални дилеми при спроведување на постапките како и поддршка за постигнување на заедничката цел, а тоа е заштитата на животната средина. Сметам дека овие настани се од исклучителна важност за подобра комуникација во насока на ефикасна и ефективна заштита на медиумите и областите во животната средина – истакна заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска

Обуката ја следеа државни инспектори за животна средина, овластени инспектори за животна средина и други претставници на Единиците на локална самоуправа.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...