spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииФорумот на жени го осудува говорот на омраза и родово базирано насилство...

Форумот на жени го осудува говорот на омраза и родово базирано насилство за време на протестот во Тетово

Форумот на жени на СДСМ најостро го осудува говорот на омраза и вербално родово базирано насилство за време на вчерашниот протест во Тетово.

Го осудуваме говорот на омраза кон жените во политиката и кон сите жени воопшто, а овие вербални напади кон градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е срамен пример.

Очигледно дека опозицијата, коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, исто така ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во политички цели.

Ова е крајно неодговорно однесување врз грбот на националната трагедија, додека се уште трае истрагата која ќе ги даде сите одговори за трагичната несреќа.

Политиканството на опозиција, навредите, вербално родово насилство и говорот на омраза насочен против жените се недозволиви.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...