Согласно годишната програма за работа на Секторот за урбанизам, во моментов се изведуваат градежни работи за рехабилитација на повеќе улици во урбаниот дел на општина Ѓорче Петров.
Се рехабилитираат: улица ,,Андон Папрадишки“, два крака на улица ,,Алексадар Македонски“, улица ,,1223“ и ,,Беаз Куле“ со два крака во вкупна должина од еден километар.
Градоначалникот Александар Наумоски изврши увид во градежните работи при асфалтирање на улица Андон Папрадишки. Локалното население изрази задоволство што после три децении конечно се асфалтираат улици во овој дел на општината, со што се подобруваат условите за сообраќај и развој на населбата.
Извор: Општина Ѓорче Петров