spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕИсплашени сте од претстојниот пораз, па се обидувате повторно да лажете, земјоделците...

Исплашени сте од претстојниот пораз, па се обидувате повторно да лажете, земјоделците веќе не ви веруваат

Денешната прес конференција на СДСМ и Гоце Георгиевски не е ништо друго освен што би рекле млатење слама на празно.

Ниту земјоделците живеат подобро, ниту пак нивниот труд е платен и вреднуван.
Ваквите обиди за предизборен поткуп и свесно влегување во изборен инжињериг од владејачката гарнитура, е само доказ на страв и паника од претстојниот пораз.
Земјоделците најдобро на сопствена кожа ги чувствуваат погубните политики на СДСМ и затоа веќе не ви веруваат.
Ако веќе збориме со факти еве ви неколку:
-Субвенциите за земјоделците ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ.
-Четири години сте власт а секоја година се соочувате со протест на тутунарите, лозарите, оризарите, сточарите,
-а за младите воопшто и да не ви кажувам, се уште чекаат реализација на мерката млад земјоделец.
Толку од вашите погубни политики.
На секој чекор ви се случуваат протести од револт и незадоволство, а вие се обидувате да прикажете дека земјоделците се задоволни.
Не ви поминува ова повеќе, трошите време на непотребни работи. Ако веќе сакате да направите нешто за земјоделците тогаш најдобро е наместо трошките кои им ги нудите, да понидите реална помош за нив. Се друго е само неуспешен обид.
На 17-ти октомври ви доаѓа крајот.
Доста е со поделби и разочарувања, доста е од незадоволство и револт.
Време е за нова надеж, иднина, проекти и реализација.
Време е за Македонија за сите луѓе!

Прочитајте

ДКСК: Средба со претставници на Советот на Европа

0
Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, беше одржан иницијален состанок помеѓу членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставниците...