spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Дневниот центар за лица со посебни потреби доби специјално комби...

Куманово: Дневниот центар за лица со посебни потреби доби специјално комби возило

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово, каде додели специјално комби возило за потребите на Центарот.

Оваа активност се спроведува согласнопроектот “Социјална инклузија на корисници на Дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт” на Североисточен плански регион со Швајцарска агенција за обнова и развој, поддржана од Швајцарска амбасада во РСМ и Министерство за локална самоуправа на Македонија.

Во рамките на проектот набавени се три специјални комби возила со рампа за Центри за социјални работи со Дневни центри за лица со посебни потреби за Куманово, Кратово и Крива Паланка.Градоначалникот Димитриевски потенцираше дека целта на проектот е подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и создавање на предуслови за пристап кон услугите на поголем број на корисници, со посебно внимание кон ранливи категории на лица од Североисточниот регион.

Димитриевски образложи дека овој проект мора да овозможи услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на граѓани, кои подлежат на социјален ризик во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет.

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

МСПДМ: Средба Лимани- Милер – Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници. Соговорниците разговараа за важноста од...