Од 13.09. до 17.09.2021 година во Занаетчискиот дом командата на СЕЕБРИГ одржа обука за вработените и за претставници од Општина Куманово на тема “Менаџмент со последиците од катастрофи”.
Изведувачи на обуката беа инструктори од Центарот за обука за кризен менаџмент и справување со последици од катастрофи од Софија, Р Бугарија. Од името на командата на СЕЕБРИГ и Центарот за обука за кризен менаџмент и справување со последици од катастрофи – Софија, Р Бугарија, денеска беа доделени благодарници и пригодни подароци на учесниците на обуката и на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Согласно договорот за регионална соработка на полето на одбраната, познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), Командата на Бригадата на Југоисточна Европа во 2020 година го започна шестгодишниот работен престој во РСМ, со седиште во Куманово. Општина Куманово продолжува со континуирана соработка со командантот на бригадата на Југоисточна Европа, бригадниот генерал Аристеидис Илиопулос и СЕЕБРИГ началник на штаб, полковник Златко Ѓорѓиовски.
Извор: Општина Куманово