spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Реформските мерки ќе бидат насочени кон зелена и дигитална транзиција, подобрување...

МФ: Реформските мерки ќе бидат насочени кон зелена и дигитална транзиција, подобрување на деловното опкружување и намалување на неформалната економија

Министерот за финансии Фатмир Бесими заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и членовите на меѓуресорската Работна група за подготовка на Програмата на економски реформи 2022 – 2024, го одржаа Вториот состанок во рамки на процесот на подготовка на Програмата.

 

На состанокот се дискутираше за предлог реформските мерки кои ќе бидат вклучени во Програма за 2022-2024, а ќе бидат насочени кон зелена транзиција, дигитална трансформација, подобрување на деловното опкружување и намалување на неформалната економија, како и унапредување на човечкиот капитал.

Предложените мерки кои ќе бидат дел од ПЕР 2022-2024 година произлегуваат од препораките коишто се дел од усвоените заклучоци на годинашниот Дијалог за економски политики одржан во јули 2021 година со претставниците на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, како и Оценката на ЕК за Програмата на економски реформи 2021 – 2023.

Се дадоа препораки за подобрување на првиот нацрт текст на предлог реформските мерки. Тие во наредниот период ќе бидат разгледувани во рамки на советодавната мисија на ЕК и дадени на консултации со јавноста.

Ова е континуиран процес, кој се спроведува заедно со ЕУ и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјава, коишто ќе го интензивираат дијалогот со ЕУ.

Програмата на економски реформи ја прикажува усогласеноста на среднорочната макроекономска и фискална рамка со секторските структурни реформи за промовирање на конкурентноста и растот. Целокупниот процес на подготовка на документот го координира Министерството за финансии со учество на релевантните државни институции. Програмата треба да биде доставена до ЕК најдоцна до 31 јануари 2022 година.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...