spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи и Грвала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

МНР: Османи и Грвала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала – Шварц  потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го во предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство.

Денеска се потпишаа 11 договори и меморандуми за соработка, со кои постојниот број од 42 потпишани документи се зголеми на 53.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Пехчево: Донација на две маси за играње на пинг – понг

0
Општина Пехчево преку Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, обезбеди донација на две маси за играње на пинг – понг.      Со што се...