spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Вредностите и меритократијата ќе бидат одлучувачки при изборот и унапредувањето на...

МИОА: Вредностите и меритократијата ќе бидат одлучувачки при изборот и унапредувањето на вработените во државната администрација

Министерот за информатичко општество и администрација, д-р Јетон Шаќири, придружуван од вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски вчера во просториите на Државната Комисијата за спречување на корупцијата, одржаа заедничка средба со претседателката на оваа комисија, Билјана Ивановска.

Целта на денешниот состанок беше да се претстават пред оваa комисија измените и новите закони за висока раководна служба, за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници, со цел да се исполнат препораките од проектот „Проценка на ранливоста од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам,   клиентелизам и кронизам“. Ова е 13-та мерка од владиниот План за борба против корупција.
Министерот Шаќири на средбата потврди дека сите препораки се имплементирани во измените на законите, веќе воспоставени во ЕНЕР, за административни службеници, вработени во јавниот сектор и Законот за висока раководна служба, кои ја менуваат постапката за вработување, унапредување и мобилност во јавниот сектор.

,,Овие закони директно влијаат на целосната деполитизација на државната администрација и ги поставуваат темелите на вредностите и меритократијата за да се стигне до работното место или унапредувањето. Ние сме решени да ги завршиме овие реформи“, истакна меѓу другото министерот Шаќири на средбата.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте