spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје, 27 години го уништуваа главниот...

ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје, 27 години го уништуваа главниот град

ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје и победата на Петре Шилегов.

Тоа е истата партија која 27 години го уништуваше Скопје а сега немаат понуда за скопјани. Водени од личниот и партиски интерес, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за стиропор што глуми меремр, за споменици, жални врби и палми, вртелешки и лавови.

Со Петре Шилегов Скопје во изминатите четири години прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните.

Затоа од Белата палата е голем стравот. Манипулациите, лажните вести и лагите за Шилегов и Весковски не поминуваат.

Реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и градежните стандарди и нормативи, а градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно склучен посебен договор.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно не планираат да понудат ниту еден проект, ниту едно решение за скопјани па целата кампања ќе ја водат со лажни вести, манипулации, обиди за конструирани скандали.

Затоа на изборите ги очекува уште еден убедлив пораз во главниот град но и во најголем број од општините низ државата.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...