Во тек е изведбата на коловоз на ул. „Тошо Даскало“, како финална фаза од реконструкцијата на оваа улица. Асфалтирањето е во должина од 503 метри и чини 6.259.850 денари.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска заедно со дел од тимот задолжен за реализација на проектот, извршија увид во динамиката на изведба на терен. На лице место се сретна со жителите на улицата, кои уште еднаш искажаа огромна благодарност за целосното надминување на проблемите со водоводната и канализационата мрежа и новиот асфалт.
На асфалтирањето на улицата „Тошо Даскало“, која освен главниот дел има и неколку краци, му претходеше промена на мешовитата канализациона мрежа од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“ во вредност од 4.240.042 денари и промена на водоводни приклучоци од екипи на ЈКП „Водовод“ во вредност од 953.890 денари.
Вкупната вредност на оваа инвестиција од страна на Општина Битола е 11.453.782 денари.
Извор: Општина Битола