spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДемократските сили да се обединат, победата врз дезинформациите доаѓа преку соработка и...

Демократските сили да се обединат, победата врз дезинформациите доаѓа преку соработка и отвореност

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија Марјан Забрчанец денеска учествуваше на регионалната „Конференција за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан: Справување со дезинформациите”, организирана од Делегацијата на Европската Унија во земјата и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

На конференцијата се разговара за актуелните предизвици во јавниот комуникациски простор, како што се справувањето со дезинформациите, влијанието на социјалните мрежи и дезинформациите во редефинирањето на новинарското известување и квалитетот на новинарството, како и важноста на медиумската писменост за граѓаните во новото медиумско опкружување.

Конференцијата, која има хибриден формат, односно дел од учесниците од Република Северна Македонија се присутни во живо, а панелистите од странство учествуваат преку интернет-врска, беше отворена со поздравни обраќања од претседателот на државата Стево Пендаровски, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел преку видео-обраќање, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир и директорката на МИМ, Билјана Петковска.

Националниот координатор Забрчанец, заедно со претставници на медиумите, граѓанското општество и академската сфера од Европската Унија и земјите од Западен Балкан учествуваше на панелот на тема: Справување со дезинформации – заеднички предизвик за институциите, медиумите и граѓаните, на која особено се задржа на важноста на активната транспарентност и отвореност на Владата, како клучно решение во борбата со штетните влијанија од дезинформациите.

„Јас не мислам дека нашите напори треба примарно да бидат насочени кон директно отстранување на изворите на дезинформации, бидејќи тоа не зависи од нас. Многу е тешко да отстранувате нешто што не сте го создале или за што немате одговорност. Нашите напори треба да бидат насочени кон анализа и имање разбирање, длабинско дефинирање на проблемот и обезбедување пред се контранаративи, односно промоција на она што значи прогресивна демократска приказна“, истакна координаторот Забрчанец, изразувајќи благодарност до организаторите за преземањето иницијатива да се обезбеди платформа на дискусија на многу важно прашање за дезинформациите и медиумската писменост.

Според Забрчанец, за ова прашање кое ги засега особено демократските влади, со цел обезбедување намалување и отстранување на штетното влијание на дезинформациите најважна е активната транспарентност на владите, односно институциите да комуницираат отворено, одговорно и брзо и да обезбедуваат и поддржуваат разни форми на медиумска писменост за младите, но и за севкупното население.

„Потребно е владите да имаат политичка волја и политичка посветеност, постојано да се подобруваат на тема транспарентност, отчетност и респонзивност, односно едноставно да наречеме отвореност“, посочи Забрчанец додавајќи дека комуникацискиот сервис на Владата од последното ја донесе Владата на прво место во регионот по отвореност.

Забрчанец истакна дека заложбата за постојано унапредување на активната транспарентност на Владата нема никогаш да запре, настојувајќи да ги совлада сите предизвици кои се јавуваат кај помалку отворените институции, а со цел да се обезбеди присуство на проактивните прогресивни демократски наративи.

„Тука сакам повторно да подадеме рака како Влада, и до медиумските организации и до сите заинтересирани, и да потенцирам дека оваа битка мораме да ја водиме заедно, да го дигнеме нивото на доверба едни кон други бидејќи само така ќе бидеме значително помоќни како демократски сили наспроти ретроградните тајни комуникациски центри за манипулации“, заклучи координаторот Забрчанец додавајќи дека сите чинители определени за прогрес и развој се на вистинската страна наспроти оние кои шират дезинформации и негативни влијанија.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....