spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНа локалните избори да го избереме најдоброто – да направиме уште еден...

На локалните избори да го избереме најдоброто – да направиме уште еден чекор напред!

Вечерва овде од градот на конзулите, заедно со нашите кандидати за градоначалници, ја бараме вашата поддршка – – на престојаните локални избори да направиме уште еден чекор Напред, да го избереме најдоброто за секоја општина, порача вечерва претседателот Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалници, во Битола.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ преку Владата и институциите во овие четири години постави стандарди на одговорно и отчетно управување со државата.

„Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е прав. Конечно тргнавме напред. Одиме напред. И нема дилема. Најдоброто е можно единствено Напред.

Република Северна Македонија покажа дека може да го испорача најдоброто за своите граѓани, но и за регионот и светот. Резултатите што ги постигнавме изминативе неколку години беа најдоброто за државата од осамостојувањето до денес. Затоа и одговорноста на секој од нас да продолжи трендот на Најдоброто од централно на локално ниво со интензивно темпо е голема, а голем и важен е и влогот на секој од нас во овој процес“ порача Заев.

Тој се осврна и на поддршката на централната власт кон општините што резултира со засилен економски раст.

„Од централниот Буџет обезбедивме средства да ги раздолжиме општините. Обезбедивме дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво.

Преку ТАВ програмата насочивме 35 милиони евра за 94 проекти во општините ширум државата. Преку Светска банка и Европската инвестициска банка обезбедивме и нови 70, плус 100 милиони евра за локални улици, патишта водоводи канализации, пречистителни станици.

Проектот за поддршка и развој на туризмот во вредност од 25 милиони евра е во завршна фаза. Директните буџетски капитални програми за локални, општински, проекти изнесува 100 милиони евра“ заклучи Заев.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија,...

0
„Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници....