spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Редоследот за поставување изборни плакати - Локалните избори 2021

Гевгелија: Редоследот за поставување изборни плакати – Локалните избори 2021

Во Општина Гевгелија беше извршено ждребување за утврдување на местата на кои ќе бидат истакнати изборни плакати како дел од кампањата пред Локалните избори 2021 година.

На јавниот повик организиран од страна на Општина Гевгелија се пријавија 6 политички партии. На денешното ждребување, општинската комисија, со присуство на овластените претставници од политичките партии, ги утврди местата за истакнување изборни плакати.

На ждребувањето беше утврден следниот редослед:
– ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ на местата обележани со број 1;
– СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ на местата обележани со број 2;
– ИНТЕГРА- МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА на местата обележани со број 3;
– „ГРУПА ИЗБИРАЧИ“ Томче Ќичуков на местата обележани со број 4;
– ЛЕВИЦА на местата обележани со број 5;
– Движење „Одлучно за промени“- ЛДП и ДОМ на местата обележани со број 6.
Имено, врз основа на спроведеното ждребување, организаторите на предизборната кампања ќе истакнуваат плакати на следниве места: бетонската ограда на Градскиот стадион, на источната страна од старото Градско пазариште, бетонските столбови на натпатникот на влезот во Гевгелија и бетонскиот потпорен ѕид во центарот на Миравци. Исто така, организаторите на предизборната кампања ќе можат да постават и паноа на градското шеталиште помеѓу жардинериите обележани со истите редни броеви. По завршувањето на изборите, учесниците се должни во рок од 30 дена да ги отстранат плакатите од дозволените места.

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

ДКСК: Средба со претставници на Советот на Европа

0
Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, беше одржан иницијален состанок помеѓу членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставниците...