По иницијатива и под покровителство на Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во организација на Општински сојуз на спортови, Општински сојуз на училишен спорт и Здружението на спортски педагози–Куманово, во соработка со Секторот за образование при Општина Куманово, на Спомен костурница се одбележа европскиот Ден на спортот во училиштата 2021.
Овој ден се одбележува со физички активности од страна на ученици од основни и средни училишта од Општина Куманово и основни училишта од Општина Старо Нагоричане.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски присуствуваше на спортскиот настан, проследувајќи ги вежбите на скали, пешачење и лесно трчање со штафетни палки, мал фудбал, игра на два гола на фудбалски терен со пилатес топка, ракомет, серва.
Целта на овој масовен спортски настан е спроведување на физичкиактивности, кои кај учениците ќе поттикнатзабава и рекреација, во функција на превенција и унапредување на нивното здравје.
Извор: Општина Куманово