Мицкоски може да понуди единствено 14.835 блокади и лажни вести на штета на граѓаните

Политички партииМицкоски може да понуди единствено 14.835 блокади и лажни вести на штета...

Најчитано

Христијан Мицкоски вчера потроши повеќе време за неосновано да го напаѓа СДСМ и претседателот Зоран Заев, отколку да им понуди на охриѓани и граѓаните на државата, реални издржани мерки и проекти.

 

Сето тоа кажува колку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат понуда на овие избори и дека ќе ја користат секоја прилика преку лажни вести и конструкции да бараат алиби за поразот што им следува на изборите.

 

Не проекти, Мицкоски може да понуди единствени 14.835 блокади и лажни вести со кои ќе им нанесува штета на граѓаните и државата. Тоа го правеше во сите изминати години, а и се уште го прави.

 

Таквиот однос кон сопствената држава, кон сопствениот народ му е рецепт за уште еден нов, седми пораз по ред на изборите.

 

Се додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира ќе губи од граѓаните, а во меѓувреме СДСМ ќе продолжи да го носи најдоброто за секоја општина, за секое населено место, најдоброто за државата.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе