spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повторен јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат...

МОН: Повторен јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16), и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр 257/20 и 163/21) член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-13721/1 од 21.09.2021 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:

ПОВТОРЕН ЈАВЕН ОГЛАС

  

за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

 

Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог – проекти по Конкурсот за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и  научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:

   
1 Историски науки
2 Археологија
3 Библиотекарство и документација
4 Наука за јазикот (лингвистика)
5 Историја на уметност
6 Наука за книжевност (македонска книжевност, поезија, проза, драма)
7 Биологија и хидробиологија
8 Екологија, лимнологија
9 Етнологија и етногенеза (фолклористика, духовна култура)
10 Музички уметности (етномузикологија)
11 Архитектура

Избраните рецензенти, пријавените проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:

–       придонес на проектот во продлабочување и проширување на научните знаења;

–       оригиналност на целите и предметот на истражувањето;

–       актуелност, релевантност, иновативност, впечатливост на целите и предметот на истражување;

–       детално разработени цели и активности од проектот со јасни и мерливи индикатори;

–       веројатност во постигнување на очекуваните резултати и можности за примена на резултатите во реална временска рамка;

–       компетентност на главниот истражувач и предложениот истражувачки тим;

–       вклученост и оспособување на млади научно истражувачки кадри;

–       исполнетост на материјално технички и други инфраструктурни услови за реализација на проектот;

–       детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на проектот и оправданост и реалност на трошоците во предложениот финансиски план потребни за реализација на проектот;

–       конкурентност на проектот за меѓународна соработка и

–       релевантност на проектот за меѓународна соработка

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

– доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти

-изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

            Пријавата за рецензент, уредно пополнета се доставува во:

             Министерството за образование и наука

             Сектор за наука и иновации

Бул. „Св. Кирил и Методиј “ бр. 54

1000 Скопје

 

 Краен рок за доставување на пријавите е  01.10.2021 година ( 15:30 час)

 

Некомплетни или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 За симнување:

Пријавата за рецензент (линк)

 

Оценувачки лист (линк)

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...