spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииШилегов и советничката листа на СДСМ и Коалицијата се најдоброто за Скопје

Шилегов и советничката листа на СДСМ и Коалицијата се најдоброто за Скопје

Реконструкцијата на Универзална, Кејот 13 ноември, новите јавни простори како овој парк овде, го вратија Скопје во современоста, а проектите како Бас рапид транзит, претпијатието Градски енергетски системи, го проектираат Скопје во иднината, откако овој град цела деценија беше држен во минатото со лажен барок и стиропор, порача вечерва претседателот Зоран Заев на предизборната конвенција на кандидатот за градоначалник и советници за Град Скопје

За сето ова, дополни Заев, заслужен е нашиот вечерашен домаќин Петре Шилегов, кој со својот тим успеа да постави нови стандарди на работа на градската администрација.

Упорноста, храброста, визијата на Петре се причината што денеска Скопје има модерен, европски лик и е на вистинскиот правец – Напред, кон иднината. Тоа е Петре, секогаш одлучен и бескомпромисен кога станува збор за неговиот град и неговите сограѓани, пример за успешен градоначалник, вистински татко на Градот.

И сега е јасно зошто Петре е фаворит на овие избори, затоа што граѓаните во него препознаваат одговорен, стабилен и посветен градоначачлник кој не калкулира со својот рејтниг кога носи решенија за градот“ порача Заев.

Претседателот Заев истакна дека покрај Шилегов, најдобората понуда за Скопје е и советничката листа.

„На Скопје на овие избори го нудиме Петре Шилегов како најдобра понуда, но како најдобра понуда нудиме и 45 имиња на советничка листа.

Секој од овие кандидатки и кандидати носи своја тежина, има свој углед и препозналивост во местата каде што живее и работи.

Оваа советничка листа исто како и Петре ќе работи уште повеќе посветено и одлучно во реализација на проектите зацртани во програмата, во реализација на Најдоброто за Скопје.

И затоа на 17 октомври граѓаните ќе застанат зад Петре и зад советничката листа, за да го задржиме континуитетот кој гарантира нови инвестиции и развој на Градот“ заклучи Заев.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...