spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСовесно чесно и посветено ќе се грижам Скопјани да го добијат најдоброто

Совесно чесно и посветено ќе се грижам Скопјани да го добијат најдоброто

Носителката на кандидатската листа на советници за Град Скопје Софија Пејкова на вечерашната промоција во Скопје најави дека чесно и несебично ќе се залага Скопје да стане поубаво и поздраво место за живеење за сите нас.

Како лекари положуваме Хипократова заклетва, а јас овде пред сите вас положувам заклетва дека како дел од советот на Град Скопје совесно чесно и посветено ќе се грижам да го добиете најдоброто, градските политики да го заштитуваат и унапредуваат здравјето на сите скопјани, ви ветувам дека со чесна и тимска работа заедно со Петре Шилегов и со моите колеги советници, посветено ќе работиме на поголема еколошка здравствена и социјална политика и поквалитетен живот за сите нас, истакна Пејкова.

Таа истакна дека и претставува голема чест, да ја прифати одговорноста да му се придружи на победничкиот тим на Шилегов, кој успешно се справува со сите проблеми на нашите сограѓани цел мандат.

За да продолжиме потребна ни е вашата поддршка, која не престанавте да ја давате, затоа на 17 октомври заокружете 12 зашто Скопје го заслужува најдоброто, повика носителката на советничката листа за советот на Град Скопје Софија Пејкова.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...