spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЦелосно го решаваме сообраќајниот хаос

Целосно го решаваме сообраќајниот хаос

Кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов на предизборната конвенција најави целосно решавање на сообраќајниот хаос во градот, со подземниот булевар Македонија, кој ќе завршува со модерен кружен тек кај Нова Македонија, како и завршувањето на булеварот Словенија кој ќе води до Волково и Ново Село, а ќе биде поврзан и со мостот на Љубљанска.

Во Центарот на градот ја градиме и најголемата пешачка зона во Европа која ќе се протега од Собрание до Палома Бјанка и од Стара Железничка до Бит пазар, најави Шилегов, додавајќи дека во следните 4 години Скопје конечно ќе го добие Нов забавен парк, најдобар во Европа.

Тој истакна дека ова се избори на кои се избира помеѓу политика на континуитет што води кон друштвото на развиените градови и земји на Европската унија или враќање кон лажните митови и криминалот кои не враќаат назад.

За само четири години успеавме, со нашето знаење, професионален тим и силно лидерство, да ги смениме негативните трендови. Скопје денес е град на 21-иот век, затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје на среќни луѓе. Важно е да се избере најдоброто за Скопје, повика кандидатот на СДСМ и Колаицијата за градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...