spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Меѓународна научна конференција со УЈИЕ

АПЈ: Меѓународна научна конференција со УЈИЕ

Агенцијата за примена на јазикот со Универзитетот на Југоисточна Европа организираа дводневна меѓународна научна конференција на тема „Терминологијата и нејзината улога за познавање на професионалниот јазик“.
Конференцијата започна вчера попладне во просториите на УЈИЕ во Скопје во рамките на означувањето на Меѓународниот ден на преводот, со учесници од разни образовни и научни институции од Република Северна Македонија, Косово, Албанија, Италија и од Булгарија.
По тој повод, директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ и Луан Пржита, ректор на Центарот за албанолошки студии на Република Албанија, потпишаа Меморандум за соработка.
Научниот собир го отвори директорот на АПЈ, Илбер Села, којшто, меѓу другото кажа дека оваа конференција покажува дека сме внимателни кон работите што ни припаѓаат на сите нас, како што се јазикот и преводот. „Темата на конференцијата ‘Терминологијата и нејзината улога за познавање на професионалниот јазик‘, претставува неопходна стратегија за дискусија и за отворање можност и алтернативи за тоа како да ги решиме и да ги пребродиме потешкотиите и предизвиците со коишто се соочуваме за време на практичната употреба на јазикот и особено при преводот“, рече тој.
Терминологијата е сложено прашање, продолжи директорот на АПЈ, истакнувајќи дека и потребата за решавањето на ова прашање е премногу голема. „Соработката и заедничкото дејствување може да нѐ однесат до решение, градејќи го постепено долгиот мост што секојдневно се зголемува, зависно од постигнувањата и новите технолошки и информатички пронајдоци, коишто со себе носат нова терминологија“, рече во своето излагање директорот Илбер Села.
Конференцијата ја поздрави и проректорката на УЈИЕ, Беса Арифи, споменувајќи го на почетокот токму таквото искуство на Универзитетот, при што во 2001 година се создала потребата за студии на албански јазик, но и дека станал пример за универзитет што функционира на три јазика, на албански, на македонски и на англиски јазик и дека флексибилно се употребуваат подеднакво. „Ова е пример за тоа како јазикот не претставува пречка, иако тој понекогаш знае да биде и таков“, истакна проректорката Б. Арифи, додавајќи дека на оваа конференција би имало можност да се зборува за предизвиците од употребата на јазиците, уште од детството и во другите етапи од животот.
Во продолжение говореше и Луан Пржита, ректор на Академијата при Центарот за албанолошки студии од Албанија. Тој на почетокот ги истакна активностите и улогата што ја одигра Агенцијата за примена на јазикот, особено со договорите и реализираните соработки со научните, универзитетските, образовните институции и други во и надвор од земјата, особено со оние од Албанија и од Косово, што според него „претставуваат значаен показател за институционалната идентификација да се направи што пофункционална“. „АПЈ е изградена и има свој имиџ, станувајќи и референтна точка за другите, меѓу другото и преку различни научни изданија или оние со практичен карактер, како што се прирачниците и др., со информации и модели за работа од областа на административната комуникација“, истакна Луан Пржита, споменувајќи ги активностите и бројните изданија што ги има направено АПЈ.
На крај, Конференцијата ја поздрави и Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Тој рече дека темата на Конференцијата остава впечаток, затоа што е актуелна тема што се наметнува и нѐ става пред предизвик во РСМ. Придонесите на Конференцијата, истакна тој, би биле ориентирачки патеки по коишто треба да се движи албанскиот јазик во РСМ и како тој треба да се применува во службена употреба.

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија