Нов асфалт доби улицата Александар Урдаревски, од потегот на семафорите, преку подвозникот, до кружниот тек.
Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со директорот на ЈП Улици и патишта Горан Симоновски изврши увид на работите кои што се во завршна фаза на оваа собраќајница која што е “крвотокот” на овој дел од Бутел.
Во соработка со ЈП Улици и патишта создаваме поубав и поурбан Бутел за сите!
Извор: Општина Бутел