Обука за Безбедност и здравје при работа во време на Ковид-19

СиндикатиОбука за Безбедност и здравје при работа во време на Ковид-19
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Завчера Сојузот на синдикатите на Македонија организираше обука за Безбедност и здравје при работа, како дел од активностите предвидени во Проектот имплементиран од ССМ: БЗР во време на пандемија со КОВИД-19, а финансиран од ИТУЦ ПЕРК и Шведските синдикати Union to Union.

На обуката учествуваа претседателите на гранските синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија и вработените во ССМ кои работат на оваа приблематика.

Од почетокот на пандемијата, ССМ како репрезентативен синдикат во државата, инсистираше на социјален дијалог и адекватно вклучување на сите социјални партнери во државата во креирањето на мерките за сузбивање на заразата и заштита на животот и здравјето на граѓаните. Истовремено апелиравме дека е нужно преземање на активности за одржување на деловните потфати, стабилизирање на економијата и функционирањето на општеството.

Сојузот на синдикатите на Македононија уште на самиот почеток на пандемијата, имајќи ги предвид искуствата од Државите кај кои пандемијата имаше земено поголем замав и препораките на Светската здравствена организација во насока на заштита на работниците кои за заболуваат од заразната болест Ковид – 19, како и за оние кои се во изолација и само изолација поради Ковид – 19, предложи:

КОВИД – 19 ДА СЕ ПРИЗНАЕ КАКО ПРОФЕСИОНАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЗА СИТЕ РАБOТНИЦИ И ЗА ОТСУСТВОТО ОД РАБОТА ПОРАДИ ЗАРАЗА, ИЗОЛАЦИЈА И САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА KОВИД 19, ИСПЛАТАТА ДА ИЗНЕСУВА 100% ОД ОСНОВИЦАТА УТВРДЕНА СО ЗАКОН

Активностите кои ги презема ССМ во изминатиот период поврзани со ова значајно прашање за работниците, дадоа резултат и надоместокот на плата во висина од 100% за време за привремена спреченост од работа поради Ковид 19, повторно е вратен на барање на ССМ за вработените во јавен сектор согласно заклучок на Владата од 54 седница одржана на 16.03.2021 година. Исто така за работниците во здравствениот сектор по барање на Самостојниот синзикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, заболувањето од Ковид-19 се смета како професионално заболување и надоместокот за истот изнесува 100% од плата, а Македонскиот полициски синдикат во колективниот договор на МВР уредил исплата на надоместок од 100% поради заболеност од Ковид -19 за вработените во МВР.

Сојузот на синдикатите на Македонија истк така во новиот предлог на Општ колективен договор за приватниот сектор предложи надоместокот поради заболеност или изолација од Ковид -19 да изнесува 100% но за жал сеуште не е прифатен таквиот предлог, а исто така ССМ и во новиот предлог Општ колективен договор за Јавен сектор го предложи истот за кој се надеваме дека ќе виде потпишан веднаш по завршување на изборите во Државата.

Беше презетирано и видео кое можете да го погледнете на следниот линк

https://www.youtube.com/watch?v=5ONNR3sOmOU

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе