spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСДСМ е фаворит во Истокот, со доктор Сашко Николов одиме кон нова...

СДСМ е фаворит во Истокот, со доктор Сашко Николов одиме кон нова победа

„Најголемиот град во истокот, центарот на истокот, овие четири години се развива како никогаш досега, затоа што СДСМ знае што им е потребно на граѓаните и граѓаните тоа го препознаваат“, порача на денешниот граѓански собир во Штип генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на којшто присуствуваа со носителот на листата „Најдоброто за мојата општина“, доктор Александар Мишев, актуелниот и иден градоначалник Сашко Николов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Николовски посочи дека СДСМ како одговорна партија, изминатите четири години покажа како треба да се развива една општина, економски, инфраструктурно и социјално, со градоначалник во служба на граѓаните, градоначалник кој комуницира и му служи на народот.

„После 40 години се градат експресни патишта низ целиот Истиот, низ целата трета изборна единица. Нема регионален пат којшто не е реконструиран и нема нов асфалт после 40 години во целиот регион. Инвестиравме во локални патишта. Платите како никогаш растат, а знаеме како беше 11 години наназад. Ја држеа минималната плата на мизерни 8.000 денари. Ги кратиме привилегиите на функционерите затоа што ние не сме во политиката заради моќ и привилегии, туку за платата што ја земаме да бидеме сервис на граѓаните и да одработиме за граѓаните“, порача Николовски.

Штипјани ја препознаваат самопрегорната и посветена работа на градоначалникот, знаат дека Штип напредува како никогаш досега и затоа без двоумење на 17 октомври во огромен број ќе гласаат за Сашко Николов и листата предводена од Александар Мишев. Заедно со носителот на листата „Најдоброто за мојата општина“, доктор Александар Мишев, актуелниот и иден градоначалник Сашко Николов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, посетија повеќе домаќинства во градот под Исарот и одржаа средби со граѓани . По остварените средби со граѓаните на Штип, генералниот секретар Николовски, заедно со кандидатите и министерот остварија средба со штипската младина. Младите изразија големо задоволство од политиките на СДСМ.

Се чувствува позитивната и победничка енергија во центарот на Истокот, во универзитетското, економско средиште во овој дел на државата. Енергично и одлучно одиме на голема победа на 17 октомври.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...