Во тек се изведбените активности на поставување на нова водоводната мрежа во вредност од 2.609.997денари, во рамките на реконструктивните зафати на првиот дел од ул. „Цане Василев“.
На овие активности им претходеше изведба на мешовитата канализациона мрежа во вредност од 2.117.563 денари, на првиот дел од оваа улица.
По завршувањето на поставување на новата водоводна мрежа, следува и нов коловоз на овој дел од улицата во должина од 285 метри, во вредност од 3.950.592 денари.
Вкупната вредност на реконструкцијата на првиот дел од улицата „Цане Василев“ од страна на Општина Битола, изнесува 8.678.152 денари.
Извор: Општина Битола