Седмоодделенките Лара Станчева, Милена Милошевска и Тамара Ѓоќеска се пласираа во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио, Јапонија, кој се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“.
Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО. Натпреварот е во организација на УНЕСКО ифондацијата ГОИ од Токио.
ООУ „Лазо Трповски“ по осми пат учествува на овој реномиран натпревар кој традиционално се одржува во главниот град на Јапонија. Училиштето, на натпреварите досега има освоено две награди. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Основките од Карпош влегоа во финалето на меѓународниот литературен натпревар со прозни лични творби напишани во форма на есеј на тема „Која е смислата на животот?“ Со тоа, координирани од наставникот по германски јазик, Стефан Симовски, воедно го претставуваат своето училиште во Јапонија. На тој начин учесниците од ООУ „Лазо Трповски“ добиваат несекојдневна можност да творат заедно со свои врсници од целиот свет на иста тема.
Конечните резултати организаторот ќе ги објави на 1. ноември годинава.
Финалистите од целиот свет независно од конечниот пласман, согласно одлуката на жирито, добиваат признанија за учество.
Извор: Општина Карпош