Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски изврши увид во градежните активности на проектот „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во местото викано ‘Пашоски ливади’ до собирна шахта во КО Прилеп“.
Реконструкцијата на цевководот предвидува ископ на нова траса во должина од 4 км и поставување нови висококвалитетни лиено-железни цевки со дијаметар Ф-315, од светски познатиот произведувач „Понтамезон“.
Во зависност од хидролошката состојба, од изворите во месноста „Пашоски ливади“ во главната водоводна мрежа во градот ќе доаѓаат до 25 литри вода во секунда.
Средствата за имплементација на овој проект во висина од 31 милион денари, обезбедени се со одлука на Владата за прераспределба на парите од ТАВ програмата. Согласно предвидениот договор, од изведувачот на работите „Маркоски К 73“ ДООЕЛ, велат дека градежните работи ќе завршат во рок од 6 месеци.
Извор: Општина Прилеп