Градоначалникот Арбен Таравари, вчера во својот кабинет го пречека еден од најдобрите поранешни кошаркари на Гостивар, воедно и долгогодишен кошаркарски тренер, Марјан Србиноски.
Кошаркарот Србиноски му се заблагодари на градоначалникот Таравари за континуираната поддршка на кошарката и спортот воопшто, како и за неговата заложба за создавање подобри услови за децата, младите и граѓаните на Гостивар да се вклучат во рекреативни и спортски активности.
Градоначалникот Таравари на тренерот Србиноски му додели Благодарница за неговиот придонес во областа на спортот.
Извор: Општина Гостивар