spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИутеКредит на Спортските натпревари за пензионери 2021

ИутеКредит на Спортските натпревари за пензионери 2021

На 29.09.2021 год. во Велес се одржаа Спортски натпревари за пензионери кои веќе 25 години се одржуваат во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Игрите, иако одржани во време на пандемија, овозможија убаво дружење на пензионерите од речиси секој град од земјава. Пензионерите имаа можност да се натпреваруваат во 5 различни дисциплини во машка и женска конкуренција.

ИутеКредит Македонија е редовен поддржувач на настаните на Сојузот, па така и овој пат бевме дел од Спортските игри. За секој натпреварувач беа обезбедни подароци од компанијата, а исто така имавме можност и да ги претставиме производите наменети за оваа група на граѓани.

Станува збор за кредит за пензионери до 120 000 денари за лица до 75 години и отплата на 36 месеци. Кредитите кои ИутеКредит ги нуди на пензионерите се потрошувачки, но и наменски. Нашите клиенти имаат можност да купуваат производи на рати во голем број на партнери во нашата трговска мрежа. Тука спаѓаат партнерите кои продаваат бела техника, мобилни телефони, огрев, грејни тела, мебел и др.

Дополнително, секој корисник на кредит, добива и IuteCredit Mastercard картичка која може да се користи на банкомат, во продажни места, за оналјн плаќање и купување.

За уште подобро корисничко искуство тука е и апликацијата MyIute со која клиентите на IuteCredit може да аплицираат и да ги плаќаат ратите за кредит каде и да се и со минимална документација. Корисниците на MyIute добиваат и -10% попуст на провизии и многу други поволности при користењето на кредитот.

 

 

 

Извор: ИутеКредит

 

 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...