spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Изјава на ДС - Манчева по повод Дигиталниот самит за земјите...

МИОА: Изјава на ДС – Манчева по повод Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан

Во пресрет на Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан, кој оваа година по четврти пат ќе се одржи во Подгорица од 11 до 13 октомври, државната секретарка на Министерството за информатичко општество и администрација, Елена Манчева даде изјава за црногорските медиуми.

Говорејќи за значењето на Самитот, секретарката Манчева го поистовети со значењето на зборот „самит“ на англиски јазик: највисоката, најуспешната или најважната точка на нешто, место за среќавање, за дијалог, консултации, дискусии и преговори.  „Токму таму лежи значењето на учеството во Дигиталниот самит, во можноста  која ни ја дава да соработуваме, дискутираме, да размениме значајни искуства и да учиме едни од други, со цел да бидеме подобри во иднина“ – рече државната секретарка Манчева.

Кога станува збор за придонесот кој Република Северна Македонија го имаше од учеството на претходните дигитални самити, Елена Манчева изјави: „Самитот му даде огромна моќ на нашиот регион. Ни даде моќ да ја забрзаме дигиталната трансформација, да се натпреваруваме едни со други, но и да подадеме рака кога и каде е потребно. Ни даде нова енергија, порив за нови остварувања и ни даде можност да се поддржуваме и да сфатиме дека навистина сме посилни заедно. Дигиталниот самит беше место каде се усвоија многу заклучоци и документи. Секако, најважен беше Договорот за регионален роаминг, потпишан од економиите од Западен Балкан во 2019 година. Со овој договор, на граѓаните од нашите земји им се овозможува да разговараат или да пребаруваат на Интернет од нивните мобилни телефони без дополнителни трошоци кога патуваат во некоја од шесте земји на Западен Балкан“.

Манчева кажа и дека секоја поединечна тема планирана за овогодинешниот Дигитален самит е интересна и опфаќа многу важни сегменти, и се надева дека и овојпат од Самитот ќе произлезат повеќе договори кои ќе бидат во полза на сите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...