spot_imgspot_img
spot_img
spot_img

ДКСК: Став

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), повторно укажува на обврската за доследно почитување на забраните од Изборниот законик, односно член 8-а, и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интерресите, според кои, од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборниот процес, не може да се започне со изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

Во врска со изнесените информации во јавноста за најавите дека АД ЕСМ ќе објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола, а за продолжување на работењето на РЕК Осломеј, како и  распишувањето на тендер во тек на изборна кампања од страна на Град Скопје за изградба на градска куќа, односно нови административни простории на Град Скопје, Државната комисијата ќе постапи и ќе ги разгледа  двата случаи од аспект на корупција и судир на интереси обезбедувајќи информации и потребна документација, односно дали наведените набавки се предвидени и  со Годишните планови за јавни набавки за 2021 година, односно дали нивната реализација е планирана во овој период и дали за истите се предвидени и обезбедени средства. По анализа на  документацијата, наодите ќе ги изнесеме во јавноста.

Исто така, ДКСК ги следи и однесувањата на јавните функционери во време на изборниот процес од аспект на злоупотреба на службената положба и јавните добра за изборни цели, односно влијание врз гласачкото тело.

Со оглед на фактот дека со Изборниот законик се дефинирани забраните за овој период, но и санкциите за нивно непочитување, укажуваме дека е неопходно делување и на други надлежни институции,  согласно Изборниот законик.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...