На 5 октомври 2021 година, во Скопје, Република Северна Македонија, се одржа Деветтиот состанок на Постојаната мешовита гранична комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
Состанокот го водеше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и Претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Постојаната мешовита гранична комисија, г-дин Зоран Попов.
За време на состанокот кој се одржа во конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебното разбирање, беа презентирани активностите на Мешовитата експертска работна група, што се одржа во месец септември 2021 година, на Дојранското Езеро, при што беа разменети и мислења околу трансформацијата на координатите на граничните белези во современ, заеднички прифатлив, меѓународен координативен систем, Двете делегации разговараа и за преземените активности поврзани со чистење на граничната линија од заедничката државна граница, поставување на граничните пливки во Преспанското Езеро, како и усогласувањето околу обновувањето на главните и на помошните гранични столбови.
Наредниот состанок на Постојаната мешовита гранична комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Грција ќе биде одржан во Солун, Република Грција.