spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингФинтек за подобро ментално здравје

Финтек за подобро ментално здравје

Финансиската благосостојба, состојбата да се има контрола врз личните финансии и да се ужива одреден степен на финансиска слобода е клучна компонента на менталното здравје.

Иако финансиските услуги не можат да ги решат социјалните, политичките и економските прашања кои што се главни чинители на финансиската несигурност, тие можат да направат нешто повеќе за да се ублажат нивните ефекти.

Тоа е така бидејќи најголемиот дел од финтек компаниите важат за предизвикувачи на статус кво ситуацијата и ослободени од товарот на старата технологија и бирократијата можат да ги поддржат клиентите во нивните потрошувачки намери, и тоа на три начини:

Поголема достапност до финансиски средства

Првиот и најочигледен начин е преку поголема достапност на финансиски средства за сите. Брзите и едноставни процедури, широкото custom made портфолио и поголемата флексибилност во однос на другите финансиски институции ги прават продуктите на финтек компании подостапни до сите клиенти, а тоа прави значителна разлика во менталното и финансиското здравје на луѓето.

Брза, сигурна и проверена услуга

Вториот начин на поддршка е преку брзината и сигурноста во обезбедувањето на услугите. Иновативните решенија го намалуваат времето на чекање и гарантира врвно корисничко искуство. Замислете ако ви требаат 30.000 денари веднаш, а немате како да дојдете до нив? Како би се чувствувале вие кога би морале да одите од еден на друг шалтер за да ги добиете овие средства? Не би сакале да го искусите тоа. Уште полошо ќе се чувствувате кога нема да ја дознаете причината за неодобрувањето на средствата. Ова не е случај со финтек компаниите каде корисничкото искуство не завршува со апликацијата за кредит, туку и натаму се развива во долгорочни партнерства со тие клиенти.

Целосна контрола над личните финансии

Третиот начин произлегува од способноста на финтек компаниите да им дадат целосна финансиска контрола на своите клиенти. Повторно, тоа го прават преку бројните дигитални алатки, онлајн услуги и мобилни апликации кои овозможуваат 24/7 увид во личните финансии од каде било. Алатките на финтек компаниите им даваат можност на клиентите целосно да управуваат со своите финансии, да поставуваат ограничувања во нивното трошење, да купуваат на рати и да ги следат своите обврски на брз и транспарентен начин од удобноста на својот дом.

ИутеКредит како општествено одговорна компанија која се грижи за благосостојбата и менталното здравје на клиентите, постојано е насочена кон задржување на довербата што ја уживаме кај клиентите и развивање на нови продукти кои ќе гарантираат врвна услуга и поголема достапност на финансиски средства до сите.

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит

Прочитајте

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга,...

0
„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се...