spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Директорот на БЈБ Тасевски во работна посета на ОВР Ресен

МВР: Директорот на БЈБ Тасевски во работна посета на ОВР Ресен

Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски денеска беше во работна посета на ОВР Ресен. На средбата раководството на ОВР Ресен го информираше директорот дека безбедносната состојба на територијата на Ресен е стабилна, а се разговараше и за активностите кои се преземаат во врска со претстојните локални избори односно текот на предизборната кампања и подготовките за денот на изборите.

Директорот Тасевски уште еднаш ги повтори насоките кои се упатени до сите полициски службеници за безбедно одржување на избирачкиот процес и максимална професионалност во полициското работење.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...