МВР: Расчистена кражба на возило, приведен крадецот, возилото вратено на сопственикот

МинистерстваМВР: Расчистена кражба на возило, приведен крадецот, возилото вратено на сопственикот
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На 12.10.2021 во 14.45 часот на ул.„Крушевска Република“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т.(22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул.„Народни херои“ одзел патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Возилото било пронајдено и по консултација со Јавен обвинител било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Ф.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе