spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност со директорот на...

МВР: Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност со директорот на австриската Сојузна истражна служба Холцер

Денеска (12.10.2021) се реализираше официјална работна посета на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи од страна на директорот на австриската Сојузна истражна служба м-р Андреас Холцер, при што се одржа и официјална средба со директорот на БЈБ, м-р Сашо Тасевски. На средбата се разговараше за меѓусебната полициска соработка во борбата против тероризмот, кибер криминалот, илегалната миграција и трговијата со дрога и потенцијалите за нејзино подобрување.

Во рамки на посетата беше спроведена и оперативно-тактичка вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро, за чие спроведување беа ангажирани Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР. На вежбата низ неколку различни точки се демонстрираа нивните вештини, тактичко-технички способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно дејствување.

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...