spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Поранешен американски обвинител ja посети АПЈ

АПЈ: Поранешен американски обвинител ja посети АПЈ

Џим Лофтон, поранешен американски обвинител, кој во Република Северна Македонија е дел од програмата за размена на академски кадар, познатa како „Фулбрајт“, вчера престојуваше во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), во придружба на Али Муслиу и на Јусуф Зејнели, предавачи на Универзитетот во Тетово, и беше примен од директорот на АПЈ, Илбер Села.
Во оваа прилика, тој беше информиран за Законот за употреба на јазиците и за формирањето на  Агенцијата, како и за  нејзината досегашна активност.
На Универзитетот во Тетово Џим Лофтон ќе предава Вовед во владеење на правото.
Села и Лофтон, исто така, разговараа за можностите за соработка и за поддршка преку воспоставување врски со организација што се занимава со јазично планирање.

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...