spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Аплицирани 1. 554.372 дози вакцини

МЗ: Аплицирани 1. 554.372 дози вакцини

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот се аплицирани вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози се опфатени 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте